Утрински Весник
Свет

Захарова: Санкции против патријарх можат да воведат само сатанисти

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова реагираше на одлуката на канадските власти да воведат санкции против рускиот патријарх Кирил истакнувајќи дека такво нешто можат да направат само сатанисти.

dobivaj vesti na viber

„Санкции против патријарх можат да воведат само сатанисти“ рече Захарова.

За потсетување, Канада ги прошири ограничувачките мерки и воведе санкции и против рускиот патријарх Кирил, соопштија од канадската Влада.

Во списокот со санкции се и Руската државна радио-телевизија, РТ, Спутик и други руски медиуми, а властите во Отава вовеле забрана за увоз на злато и производи од злато од Русија.

 

Можете да прочитате

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел

Група од 120 британски милионери бара повисоки даноци за најбогатите

Цената на нафтата надмина 100 долари поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток