Утрински Весник
Свет

Захарова: На Украинците им е потребна територијата на Донбас, не и жителите

Захарова: На Украинците им е потребна територијата на Донбас, не и жителите
Dik 300x250 mk

На украинските власти не им требаат жители на Донбас, туку само празна територија со ресурси, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Јасно ни е каква опасност би им се заканувала на жителите на тој регион во случај режимот на Киев да го оствари својот сон – тие едноставно би биле уништени. Тоа го потврди и претседателот Зеленски кога неодамна рече: „Кој не го сака Донбас, што значи да живее според правилата на Киев, нека ги спакува куферите и нека си оди.“ Не им требаат луѓе кои би живееле во една украинска држава,им треба празна територија со ресурси, ослободена од оние луѓе кои не дозволија да бидат потчинети – рече Захарова на редовниот брифинг со новинарите.

Конфликтот во источна Украина трае речиси осум години, а за тоа време, според податоците на ОН, загинале над 13.000 луѓе, а околу 44.000 биле повредени.

Соединетите држави и другите земји од НАТО ги подгреваат тензиите во Донбас со снабдување со оружје на Украина и испраќање воени инструктори.

Москва постојано бараше регионот да престане да пумпа оружје, бидејќи тоа би можело да го поттикне Киев на воени авантури.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан