Утрински Весник
Свет

Генералниот секретар на ОН: Правилната дистрибуција на вакцините може да стави крај на пандемијата

Генералниот секретар на ОН: Правилната дистрибуција на вакцините може да стави крај на пандемијата

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во средата рече дека правичноста во глобалната вакцинација може да стави крај на пандемијата на коронавирус, предупредувајќи дека луѓето и земјите ја плаќаат цената за нееднаквоста, јавува Анадолија.

„Ако сакаме да се осигураме дека сите се вакцинирани за да се стави крај на оваа пандемија, прво мора да донесеме правда во системот“, рече Гутереш.

Тој посочи дека „влегуваме во третата година од пандемијата, а светот се уште е далеку од исполнување на клучните цели“.

Генералниот секретар на ОН рече дека понудата и воведувањето на вакцини се зголемува експоненцијално.

– Изгубеното време го надополнуваме во многу земји. Можеби е на повидок крајот на оваа пандемија – оваа година, но мора да дејствуваме сега – рече тој.

Можете да прочитате

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење