Утрински Весник
Политички Партии

Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со коронавирусот

Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со коронавирусот
Img 5587

7 јуни 2020

Во државите во светот се зборува за опоравување од корона кризата, секаде опаѓа бројката на новодијагностицирани со Ковид-19. Но за, жал само кај нас таа расте.

Img 5587

Само ние зборуваме за висок број на новозаразени, само ние броиме починати од корона. Само кај нас уште трае играта со полицискиот час. Македонија уште сега го живее вториот бран на корона вирусот, инаку очекуван за есенва.

Толку беше од успехот на надлежните во справување корона кризата.

И сега, наместо да се повикуваат на Комисијата за заразни болести која загуби секаков кредибилитет поради тоа што потклекна на силниот политички притисок од власта, треба да се потрудат да ја стават под контрола епидемијата.

Се знае и лекот за тоа, лекот се струката и здравствените професионалци во градење на стратегија, а не во водење на дневна политика.

Затоа се потребни професионалци кои ќе постапуваат само според стандардите и светските протоколи за лекување на Ковид – 19, се во името на здравјето на нашите граѓаните.

Во претстојниот период што доаѓа треба да бидеме уште повнимателни да не ни се случи и трет бран во континуитет. Да не дојдеме во ситуација да оваа игра со неколкудневен карантин трае и подолго.

Дури кога ќе се воспостави контрола на епидемијата со корона вирусот и кога ќе почне состојбата да се нормализира, тогаш ќе зборуваме за други теми.

Сега единствена цел на сите инволвирани во оваа епидемија треба и мора да биде само здравјето на граѓаните.

Оние кои се покажаа некомпетентни, некадарни време е да си заминат.

А, во однос на политичарите кои толку го сакаат својот народ наместо да се мешаат во здравство или пак да собираат некои евтини политички поени. Нека се зафатат во решавање на тешката економска криза, во која што тоне цела Македонија.

Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт