Утрински Весник
Свет

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон
300x250 (7)

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на четири месеци затвор.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но тој им рекол на истражните органи дека не го сторил тоа со предумисла, пренесува „Ројтерс“.

Img 5587

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж на југоистокот од земјата, претседателот Макрон се приближи до толпа граѓани да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица по лицето, повторувајќи ја фразата позната на монархистите пред да интервенира претседателското обезбедување.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тарел, кој, според истражителите, не и бил познат на полицијата пред овој случај, а уапсен е и неговиот пријател кој го снимил целиот инцидент.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална казна затвор од три години и парична казна од 45.000 евра.

Ss1

Можете да прочитате

Демократите во Конгресот бараат од Бајден да размисли за прекин на продажбата на оружје на Израел

СВП: Проширувањето на ЕУ треба да се заснова на рамнотежа на геополитичката волја и заслугите на кандидатите

Напад во близина на Париз: Едно лице загина, неколку се повредени