Утрински Весник
Македонија

Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

Затворена кафеана во Дебар Маало во која имало 30 гости по 21 часот

Полициски службеници синоќа при вршење контрола во чајџилница, затекнале дека објектот работи по дозволеното работно време и дека внатре има околу 20 лица. Објектот е затворен, а ќе биде поднесена и кривична пријава.

„ На 06.03.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово е извршена контрола во чајџилница на ул.Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова носи пообилни врнежи од петок

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ