Утрински Весник
Македонија

Засега не треба да се прават дополнителни рестрикции, рече министерот Филипче

Засега не треба да се прават дополнителни рестрикции, рече министерот Филипче

Засега не треба да се прават дополнителни рестрикции, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на денешната прес-конференција моменталната ситуација ја оцени како крајно сериозна, но изрази уверување дека здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Апелира да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки и да не се излегува од дома ако се нема потреба, освен за во маркет, на работното место или во училиште.

„Вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција“, рече Филипче.

Министерот нагласи дека во овој момент се целосно исполнети капацитетите на Инфективната клиника и модуларната болница, а целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19. Во моментов, Центарот за белодробни болести сè уште има слободни капацитети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки

Кривична за полицаец од Битола, не дозволил да му биде наплатен паркинг на неговиот брат

Филипчебара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски