Утрински Весник
Спорт

Зарко со рекорд до пол-позиција во Силверстоун, Еспархаро од носилки на шестото место

Возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко ќе стартува од пол-позицијата на утрешното Британско ГП во Мото ГП шампионатот, откако постави фантастичен нов рекорд на патеката Силверстоун од 1:57.767, доека Алеиш Еспархаро стигна до шестото место и покрај тоа што имаше хорор-судир на последниот тренинг во Британија.

dobivaj vesti na viber

Зарко во првиот ред ќе стртува покрај Маверик Вињалес во Априлија и Џек Милер во фабричкиот мотоцикл на Дукати, додека во вториот ред ќе бидат светскиот шампион Фабио Квартараро (Јамаха), Пеко Бањја (Дукати) и Еспархаро (Априлија).

Еспархаро, неверојатно се врати на патеката неколку часа откако мораше да биде изнесен на носилки по хорор-судирот.

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП