Во организација на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ – Скопје, вечерва почнува 42. издание на Меѓународниот студентски фолклорен
фестивал. Годинава настанот ќе се одржи на две локации – Плоштад „Мајка Тереза“ и Плоштад „Млечен ресторан“.
Почетокот на сите концертни вечери е од 20 часот.
На годинешното издание, учество ќе земат повеќе земји меѓу кои Грузија, Хрватска, Албанија, Србија, Турција и Македонија.
Поради настаната пандемија, фестивалот се реализира под посебни протоколи предвидени од Владата.
Идејата за организирање на МСФФ е иницирана од студентите на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Текстот Започнува 42. Меѓународен студентски фолклорен фестивал е превземен од МАКФАКС.