Утрински Весник
Свет

Започна сослушувањето на Навални, му се закануваат две и пол години затвор

Започна сослушувањето на Навални, му се закануваат две и пол години затвор

Сослушувањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални започна денес пред судот во Москва поради кршење на условната пресуда, пренесува новинарката на „Франс прес“.

Навални (44) се соочува со две и пол години затвор за кршење на условна казна според пресудата за перење пари во 2014 година, која се смета за политички мотивирана.

Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија, каде што пет месеци закрепнуваше од труење со нервниот агенс новичок, за што го обвини Кремљ. Руските власти ги негираа обвинувањата.

Францускиот печат претходно објави дека полицијата уапсила неколку лица пред судот, додека тимот на рускиот опозиционер повикал на протест.

Невладината организација ОВД-Инфо објави дека се уапсени најмалку 24 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта