Утрински Весник
Економија

Западот во страв- Светот има залихи на пченица за само десет недели?

Русија и Украина сочинуваат околу една четвртина од светскиот извоз на пченица, а Западот стравува дека Путин се обидува да ги искористи залихите со храна како оружје, пишуваат медиумите во регионот.

Според нивните анализи, светот има залихи на пченица за само десет недели, како резултат на руската инвазија на Украина, која ја прекина испораката од главната „житница“ во Европа. ОН предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи залихите се погодени од феноменот на една генерација.

Во официјалните проценки , како што се аналзира во извештаите на агенциите, се наведува дека залихите на пченица во светот се на 33 отсто од годишната потрошувачка, но сега можеби паднале на 20 отсто, покажале податоците на компанијата „Gro Intelligence, која ги анализира земјоделските податоци, пишува „Телеграф“.

Можете да прочитате

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра

Пуштањето на интерконекторот со Грција се планира за 2027 година