Утрински Весник
Магазин

Закербег викендов изгуби уште 2 милијарди долари

Закербег викендов изгуби уште 2 милијарди долари

Марк Закерберг во петокот изгуби уште 2 милијарди долари од своето нето богатство и испадна од топ-10 листата најбогати луѓе во светот.

Вредноста на акциите на Фејсбук продолжи да паѓа, откако извршниот директор Марк Закерберг преку ноќ загуби околу 30 милијарди долари во нето богатство, додека богатството на Џеф Безос се зголеми за 20 милијарди долари со пораст на вредниста на акциите на „Амазон“.

Акциите на мајката на Фејсбук, „Мета“, ја завршија сесијата во петокот на 237,09 долари, со пад од 21 отсто од почетокот на неделата по катастрофалниот извештај за заработка и најлошиот ден на тргување на берза на компанијата во четвртокот.

Во четвртокот, акциите на „Мета“ паднаа за 26 отсто откако компанијата пријави намалување на дневните активни корисници, односно двевни логирања, бришејќи 237 милијарди долари од нејзината пазарна капитализација.

Нето богатството на Закерберг падна за 30 милијарди долари по кварталниот извештај на Фејсбук , што го исфрли од топ-10 листата милијардери на „Форбс“.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години