Утрински Весник
Економија

Заев со менаџментот на „Лидл“: Со модерен начин на водење трговија ќе дадете нов стимул за нашата економија

Заев со менаџментот на „Лидл“: Со модерен начин на водење трговија ќе дадете нов стимул за нашата економија

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, денеска одржа состанок со менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“.

Како што пренесуваат од владината прес-служба, на состанокот се разговарало за новата инвестиција на овој трговски ланец во нашата земја, за што компанијата веќе е регистрирана во Северна Македонија.

„Новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. ‘Лидл’ има позитивни практики во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија“, нагласил премиерот на средбата.

Од менаџментот на „Лидл“ истакнале дека компанијата планира својата прва инвестиција во земјава да ја реализира преку изградба на сопствен модерен логистички центар кој ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“ и кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Опремата која ќе се користи во центарот за логистика е според најсовремените стандарди во Европа.

Во однос на стратегијата за експанзија, било истакнато дека сите маркети кои „Лидл“ планира да ги отвори во земјава ќе бидат позиционирани во градовите со одржлива демографска и економска моќ.

Можете да прочитате

МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, а да нема пари за 600 евра минимална плата