Утрински Весник
Политички Партии

Заев: Промената на имињата на училиштата во Чаир согласно со член 26 од Законот за основно образование

Заев: Промената на имињата на училиштата во Чаир согласно со член 26 од Законот за основно образование
Ss2

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ Зоран Заев  објави дека по темелна анализа правни тимови констатирале и го информирале оти промената на имињата на основите училишта во Општина Чаир е согласно со членот 26 од Законот за основно образование, како и дека не било неопходно Бадентерово мнозинство.

– Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно, наведува Заев во објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук

300x250 (7)

Тој истакнува дека одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

-Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби. СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот, стои во објавата.лв/скс/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт