Утрински Весник
Македонија

Заев: Охрид мора да продолжи да се развива, но плански

Заев: Охрид мора да продолжи да се развива, но плански

Не треба да биде запрен развојот на Охрид, но тоа мора да биде по план, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Прашан за расправата на Центарот и советодавните тела на УНЕСКО во однос на идниот статус на Охрид, премиерот изјави дека ќе се почитува каква и да биде конечната одлука. Рече дека без оглед на тоа, Охрид  е нашето културно наследство и природно богатство кое што мораме да го чуваме.

„Каква и да биде одлуката ние ќе ја почитуваме. Ставањето под опасност значи аларм кој од нас бара повеќе да бидеме фокусирани. Ќе ни биде драго и особено ќе го почитуваме ако го дадат тој дополнителен рок што ќе дискутираат таму на тие заседанија, затоа што не е ред светот да води грижа пред се’ за Охрид, ред е ние да водиме грижа дома и верувам дека ќе успееме“, истакна Заев.

Премиерот ја обвини претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дека 11 години не се грижела за Охрид и уништувала, па вели дека е кус периодот градот да се врати се во нормала, иако благодарение на локалните и извршните власти се менува сликата и постигнат е напредок.

 

 

Можете да прочитате

Само една третина од граѓаните имаат навика да го селектира отпадот, прилепчани најактивни

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат неколку значително топли денови