Утрински Весник
Македонија

Заев не чувствува одговорност за доцнењето на вакцинацијата за Ковид-19

Заев не чувствува одговорност за доцнењето на вакцинацијата за Ковид-19

„Фајзер“ не дозволил препродавање на вакцините кои Србија сакаше да ни ги отстапи, а потоа се појавиле пречки и тие да ни бидат донирани, објасни премиерот Зоран Заев.

„Ќе најдеме начин некогаш да се оддолжиме“, рече Заев.

Тој вели дека не чувствува одговорност за доцнењето на вакцинацијата за Ковид-19.

„Секако не, гледате дека и во земјите каде е тргната вакцинацијата има проблеми“, одговори Заев на прашањето дали се чувствува одговорен за ова што се случува.

„Не се работи овде за тоа дали некој направил сè или не направил. Не сакаме да има конкуренција меѓу земјите“, дополни тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани