Утрински Весник
Македонија

Заев на средба со средношколците: Се бара најсоодветен модел за полагање на интерните предмети од матурата

Заев на средба со средношколците: Се бара најсоодветен модел за полагање на интерните предмети од матурата

Премиерот Зоран Заев попладнево ги примил претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.

Како што посочуваат од владината прес-служба, на средбата било нагласено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува.

„Преговорите продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети“, се наведува во соопштението.

На состанокот присуствувале и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советникот на премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“