Утрински Весник
Македонија

Заев и Филипче побараа од ноќните клубови и рестораните да достават предлози за начинот на работа и одржување на свадби

Заев и Филипче побараа од ноќните клубови и рестораните да достават предлози за начинот на работа и одржување на свадби

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче попладнево одржаа состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите.

„После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба дијалогот е започнат и дека во наредниот период, претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби“, се наведува во владиното соопштение.

Во него се нагласува и дека заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста ‘прослави и свадби’ која е меѓу најпогодените.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”