Утрински Весник
Македонија

Заев: Граѓаните ја бараат и ќе ја добијат нашата мобилизација

Заев: Граѓаните ја бараат и ќе ја добијат нашата мобилизација

Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа, порача на социјалните мрежи, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по првиот круг од локалните избори.

„Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас. Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација“, посочува Заев.

Тој нагласува дека во вториот круг ќе се води борба за секој еден град и за, како што вели, правецот на нашата земја.

„Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Сега е најважно обедунувањето“, заклучува Заев.

Можете да прочитате

Нова бомба: Чистење на буџетот, 161 тендер за семејната фирма на Томовски, велат од СДСМ

На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок, најави Димитриеска-Кочоска

Нова бомба: Семејна фирма на Томовски „чисти” 5,5 милиони евра од буџетот!