Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев: Вкупно 74. 000 денари ќе ја чинат државата авганистанските бегалци

Заев: Вкупно 74. 000 денари ќе ја чинат државата авганистанските бегалци
Img 7972

Премиерот Зоран Заев потенцира дека вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава.

„74.000 денари најверојатно, затоа што сместувањето на луѓето, исхраната, се што треба за таквите луѓе, кои што верувам дека овие денови ќе стигнат. Верувам дека ќе стигнат граѓани кои се миротворци и активисти за човекови права, жени, деца луѓе кои влијаеле на демократијата и биле асистенти и на нашата армија“, истакна Заев.

„Зошто се опредилвме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партнери да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност“, рече Заев.

Тој објасни дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечност и хуманост.

Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години како што рече опслужиле 3.500 македонски војници.

Можете да прочитате

Божиновска: Владата нема толеранција за незаконско експлоатирање – Концесијата за „Пискупштина“ во Струга еднострано раскината

Сиљановска-Давкова по средбата со Пелегрини: Словачка е една од нашите најверни и најпосветени поддржувачи на европската интеграција

„Реално“ со Марко и д-р Трајановски: Како што сум посветен на пациентите, така ќе се посветам и на Аеродром