Утрински Весник
Македонија

Заев вели дека Порта Македонија не го попречува сообраќајот

Заев вели дека Порта Македонија не го попречува сообраќајот

Премиерот Зоран Заев со мислењето испратено до Општина Центар не барал уривање на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза туку почитување на мислењето на стручните комисии. Тој денес објасни дека конкретно Порта Македонија не го попречува движењето.

„Мислењето дадено до Општина Центар од Владата не укажува дека треба да се урива кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата од стручните комисии формирани од извршната власт. Напротив, конкретниот проект Порта Македонија, не попречува пешачки ниту моторен сообраќај. Низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила односно дозволена е непречена комуникација“, рече премиерот Заев.

Со мислење Владата побара од Општина Центар во новиот план „Мал ринг“ кој е во подготовка, да ги избрише недоградениот споменик на Мајка Тереза и Порта Македонија.

Општина Центар, по мислењето од Влада, испрати допис до Министерството за култура како инвеститор на објектите во кое бара да се изјаснат дали се за уривање.

Сите досегашни стручни мислења беа дека и Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза се на места на кои не треба да има такви објекти, дека се изградени како дивоградби и препорачуваа нивно уривање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани