Утрински Весник
Македонија

Загина мигрант од удар на локомотива на пругата Велес-Градско 

На подрачјето на СВР Велес 28 граѓани не го почитувале полицискиот час

Велес, 11 јуни 2020 (МИА) – Во СВР Велес синоќа  во 04.00 часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредниот  бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите.

-Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид,информира Додевски. ад/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот