Утрински Весник
Свет

Заврши полицискиот час во Киев кој беше воведен поради нападот на руските сили

Заврши полицискиот час во Киев кој беше воведен поради нападот на руските сили

Полицискиот час кој траеше 36 часа заврши денеска во Киев поради нападот на руските сили врз неколку цивилни објекти во главниот град на Украина.

На улиците во градот може да се видат барикади и припадници на украинските безбедносни сили кои запираат автомобили.

Полицискиот час, со одлука на воената команда, започна во вторник во 20 часот по локално време и траеше до 6 часот во четвртокот.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во вторникот преку Телеграм објави дека главниот град минува низ тешки времиња бидејќи руските сили се обидуваат да го опколат и ги повика жителите да останат дома два дена или да одат во засолништа кога ќе се слушнат сирените.

На почетокот на неделата, руските сили нападнаа неколку цивилни згради и населби во Киев, во кои животот го загубија најмалку седум лица.

Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Најмалку 726 цивили се убиени, а 1.174 се ранети во Украина од почетокот на војната. Во исто време, повеќе од три милиони луѓе побегнале во соседните земји, проценуваат Обединетите нации.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking