Утрински Весник
Свет

Заврши итниот состанок на НАТО: Почнуваме истрага за случајот Навални

Во телото на Навални пронајдена отровна супстанција опасна за сите околу него
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Членките на НАТО одлучија дека Русија мора целосно да соработува во непристрасна истрага за наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Истрагата ќе ја води Организацијата за забрана на хемиско оружје, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Германија, каде што Навални беше префрлен на лекување, објави дека е отруен со нервниот агенс „новичок“, потсетува „Ројтерс“.

Русија, пак, тврди дека сè уште нема докази дека е сторено кривично дело.

„Секоја употреба на хемиско оружје покажува целосно непочитување на човечките животи и претставува неприфатливо кршење на нормите и правилата на меѓународната заедница“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клоучек: Европа мора да биде подготвена за можен распад на Русија

Крадци ја ограбија банката Шпаркасе во Германија

Најмалку 25 лица повредени во руски ракетен напад во Украина