Утрински Весник
Македонија

Втора фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски

Втора фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Лазар Личеноски, на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница.

На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

„Откако минатата година ја завршивме првата фаза од обновата на оваа улица, од булеварот Гоце Делчев до СРЦ „Кале“, со завршувањето на оваа фаза од реконструкцијата може да кажеме дека целосно е обновена една од двете улици кои околу скопското Кале ги поврзуваат булеварите Гоце Делчев и Никола Карев како едни од најфреквентните во градот“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

За реализација на проектот од втората фаза за обнова на улицата Лазар Личеноски ќе се одвојат околу 17,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 45 дена.

Шилегов додаде дека реконструкциите на градските сообраќајници ќе бидат завршени во рекордно кратки рокови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Томовски: Ќе градиме нов саем со хали, хотел и спортски терени

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Министерство за култура: Филмот за Слаткар е поддржан поради неговата силна општествена и инклузивна димензија