Утрински Весник
Македонија

Зависници од дроги кои се на одвикнување во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф

Зависници од дроги кои се на одвикнување во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кавадарци, 19 февруари 2020 (МИА) – Зависници од дроги кои се на одвикнување во центарот Нарконон во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф. Директорката на центарот, Александра Димевска-Јокиќ денеска појасни за МИА дека на овој начин, тие одбележале половина век од формирањето на првиот Нарконон во светот.

– Сега во светот постојат околу 50 вакви центри. Секој на свој начин го одбележа значајниот датум. Нашиот Нарконон Балкан одлучи да даде придонес во општеството. Го исчистивме целиот отпад од селото Конопиште, како и регионалниот пат од Мушов гроб до месноста Катуниште, нагласи директорката, заблагодарувајќи се на тимот од 25 лица кои чистеа, но и на службата „Мој општинар” при општина Кавадарци,  која е задолжена собраниот отпад да биде однесен на соодветно место.

Нарконон Конопиште постои 16 години, а неодамна беше кажано дека е еден од најуспешните вакви центри во светот. Овде на одвикнување доаѓаат лица од земјава, но и од странство. свд/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Патничко возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир

Пожар во техничка соба на хотел-ресторан кај Делчево

Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово