Утрински Весник
Македонија

Забрана за сите летови од Велика Британија за Македонија

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во базата на позитивни случаи на ковид-19

На денешната седница на Кризниот штаб е донесена одлука да се забранат сите летови од Велика Британија во земјава, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

„ После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија“ напиша Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како ‘бесплатно’

Дилеми во образовниот систем: Дали Македонија треба да ја укине деветолетката?

ЛДП: „Нула денари” е најскапата лага – Владата призна „Рекет на стероиди” со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!