АМСМ информира дека воведени се забрани за движење на тешки моторни возила на патните правци крак Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка, каде забраната дополнително важи за камиони и автобуси, а за останатите возила е задолжителна употребата на зимска опрема.
Од АМСМ посочуваат и дека поради одрон на патот прекинат е сообраќајот на патниот правец Македонски Брод – Скопје кај селото Близанско за сите возила.
Патниот правец Р1402 село Мокрино – село Смолари во општина Ново Село, пак, е непрооден поради поплава.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места и со наместа остатоци од кашест снег.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна,
нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.