Таа го одбележа својот 23. роденден во понеделникот и оттогаш слави.
Кајли Џенер во средата го покажа прекрасниот фустан на креативниот директор на француската модна куќа „Балмејн“, Оливие Растин, испратен за нејзиниот посебен ден.
Во една од низата објави на Инстаграм во средата, ријалити-ѕвездата позира во шарен мини фустан, креација на познатиот француски дизајнер.
Заблагодарувајќи се на Растин за фустанот, таа во објавата напиша „ти благодарам љубов моја за најсовршениот родеденски фустан“.
Колекциите на Оливие Растин, креативен директор на француската луксузна модна куќа Балмејн од 2011 година, се секогаш уникатни.