Утрински Весник
Спорт

Жота со два гола ги прати Ливерпул во финале на Лига купот

Жота со два гола ги прати Ливерпул во финале на Лига купот

Ливерпул стигна до 2:0 победа над Арсенал во вториот меч од полуфиналето на Англискиот лига куп, што значи дека по 0:0 на „Енфилд“, тие ќе патуваат на „Вембли“ на финалето против Челси во борба за првата англиска титула оваа сезона.

Човек на одлука во тимот на Јирген Клоп, во отсуство на африканските фудбалски ѕвезди Мохамед Салах и Садио Мане беше Португалецот Диого Жота, кој ги постигна двата гола за „црвените“ на „Емирати“.

Тој прво во 19. минута по асистенција на Трент Александер-Арнолд го отвори резултатот, за во 79. минута од мечот, да ја избегне офсајд-стапицата од „топчиите“ за да го потврди големото финале. Челси стигна до финалето откако во полуфиналниот двомеч го елиминираше Тотенхем.

> Жота со два гола ги прати Ливерпул во финале на Лига купот <

Можете да прочитате

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп