Утрински Весник
Македонија

Жител од Гостивар обвинет за напад врз полицаец

Запленет имотот на познат бизнисмен во Албанија поради соменение за трговија за дрога
Ss2

Против 49-годишен жител на Гостивар било поднесено обвинение за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи по безбедноста казниви по Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.

Обвинетиот на 24 април 2021 година, во 17:10 часот, со употреба на сила спречил сообраќаен полицаец во вршење на неговите службени дејствија – пренасочување на сообраќајот на булевар Браќа Ѓиновски во Гостивар.

Img 5587

Обвинетиот управувал патничко моторно возило со кое со намера да се приклучи кон булеварот Браќа Ѓиновски, се приближил до службеното лице полицаец, иако тој давал знак дека не смее да се продолжи по булеварот.

Обвинетиот не го почитувал дадениот знак, се доближил со возилото до службеното лице и му рекол дека сака да продолжи по булеварот.
По дадено објаснување од службеното лице и барањето да се почитува дадениот знак, обвинетиот со агресивно однесување се обратил кон полицаецот со зборовите „јас ќе одам каде сакам“.

Полицаецот побарал од обвинетиот да му ги даде документите за да го идентификува, но во тој момент обвинетиот го удрил по рака оштетениот полицаец, го фатил за ракавот од униформата и започнал да вози со голема брзина. Откако поради други возила запрел, обвинетиот продолжил да се заканува на службеното лице – полицаец, го турнал со двете раце, со што му нанел и телесни повреди.​​

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово