Утрински Весник
Македонија

Жител на тетовско Глоѓи го изгуби животот при превртување на трактор 

Се превртел трактор, загинала сопатничката

Тетово, 26 јуни 2020 (МИА) – Жител на тетовското село Глоѓи вчера го изгубил животот откако се превртел со тракторот кој го управувал. Несреќата се случила на локалниот пат од Глоѓи кон Јелошник во месноста Црвеница.

– Вчера во 13 часот и 30 минути во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат Јелошник-Глоѓи, во месноста „Црвеница“ атар на селото Глоѓи, Љ.С.(53) од Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на самото место, соопшти СВР Тетово.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Работна средба Минчев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт

Татко и двајца синови осомничени за насилство на гробишта во Бутел

Со 68 гласа „ЗА“ собранието го избра Ристов за прв човек на РКЕ