Утрински Весник
Македонија

Жителите на велешките села Раштани и Бузалково ќе  добијат здрава вода од градскиот водовод

Жителите на велешките села Раштани и Бузалково ќе  добијат здрава вода од градскиот водовод

Велес, 27 јуни 2020 (МИА)По јавниот повик, неделава избран е најповолен изведувач за изградба на систем на водоснабдување на село Бузалково и на село Раштани од градскиот водоводен систем на Велес. Инвестицијата е со вкупна вредност од 29 милиони денари или безмалку 500 илјади евра, обезбедени од ЕИБ преку Министерството за транспорт и врски.

Како што информираат од Општина Велес, вкупната должина на системот е 10,1 километри.

– По завршување на рокот за поднесување жалби, наскоро изведувачот треба да започне со изградба. Со проектот селата Бузалково и Раштани ќе бидат поврзани со градската водоводна мрежа, со што  ќе добијат чиста, квалитетна, безбедна и здрава вода за пиење, велат од Општина Велес.ад/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработени во Министерството за економија си носат вентилатори од дома, климата не е во функција

Уставниот судија Осман Кадриу смета дека кандидатите за Стразбур ги исполнуваат условите

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден