Женскиот младински хор при МКЦ ќе одржи онлајн-концерт на меѓународен фестивал во Индија.
Претходно, на покана на владиниот совет за културни релации на Индија, Женскиот младински хор при МКЦ реализираше видеоснимка на композиција од македонски автор со која учествуваше во прелиминарната рунда од светски хорски натпревар.
„На наше огромно задоволство добивме информација од организаторот дека од пристигнатите над 170 видеа на хорови од целиот свет, интернационалното жири одлучило и изведбата на Женскиот младински хор при МКЦ да се претстави на големиот онлајн-концерт на кој ќе учествуваат и хорови од уште 22 други земји“, велат од МКЦ.
Концертот ќе биде емитуван денеска во 12:30 часот по централноевропско време на следниот линк: ICCR’s International Choral Festival & Competition