ЕХФ, во своето седиште во Виена, со ждрепка ги одреди квалификациските групи за пласман на Европското првенство во женска конкуренција, во 2022 година. Домаќини на првенството ќе бидат Македонија, Црна Гора и Словенија.
Преку квалификациите, пласман на првенството ќе бркаат 24 репрезентации, кои се поделени во шест групи, во секоја од нив има по четири национални тима. Најдобрите две од секоја група ќе изборат пласман на ЕУРО 2022.
Пласман на првенството покрај организаторите Македонија, Црна Гора и Словенија има обезбедено и актуелниот шампион, Норвешка.
Најнеизвесна борба за првите две места се очекува да има во групите 4 и 5, Шведска и Србија се фаворити во групата 6, додека во првите три групи како апсолутни фаворити се издвојуваат Русија, Данска и Холандија.
Група 1: Русија, Полска, Швајцарија, Литванија
Група 2: Данска, Романија, Австрија, победник на претквалификациите, Група 3
Група 3: Холандија, Германија, Белорусија, победник на претквалификациите, Група 2
Група 4: Франција, Хрватска, Чешка, Украина
Група 5: Шпанија, Унгарија, Словенија, победник на претквалификациите, Група 1
Група 6: Шведска, Србија, Исланд, Турција
> ЕХФ ги одреди групите за ЕП на кое ќе игра Македонија <