Утрински Весник
Свет

ЕУ: Јапонија на списокот на безбедни земји за патувања, Велика Британија ќе почека

ЕУ: Јапонија на списокот на безбедни земји за патувања, Велика Британија ќе почека

ЕУ планира да ја стави Јапонија на својата листа на безбедни земји за патувања, додека пак Велика Британија ќе треба да почека да биде додадена на тој список, беше објавено денеска од Брисел.

Конечната одлука Јапонија да се стави на списокот на безбедни земји треба да биде потврден од амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ на утрешниот состанок, а одлуката за Велика Британија е одложена до следниот состанок закажан за 14 јуни, бидејќи во таа земја е откриен т.н. индиски сој на коронавирус.

Според сегашните прописи, само граѓани од седум земји можат да влезат во ЕУ за време на летните одмори, меѓу нив се Австралија, Израел и Сингапур, без оглед дали лицата биле вакцинирани.

Германија и Франција наредија задолжителен карантин за посетителите од Велика Британија, Австрија го забрани влезот за Британците, додека Португалија и Шпанија започнаа да прифаќаат британски туристи, пренесуваат европските медиуми.

Можете да прочитате

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН