Утрински Весник
Свет

ЕУ предупредува да се почитуваат интервалите за вакцината на „Фајзер“

ЕУ предупредува да се почитуваат интервалите за вакцината на „Фајзер“

 

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска порача дека за да се постигне целосна заштита треба да се почитува максималниот интервал од 42 дена помеѓу првата и втората доза од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Податоците за ефикасноста на вакцината против Ковид-19 се базираат на студија во која се давале дози на вакцината во интервали од 19 до 42 дена, соопшти агенцијата на ЕУ, нагласувајќи дека целосната заштита се постигнува седум дена по втората вакцинација.

„Секоја промена на тоа правило бара измени во одобрената декларација за производот и повеќе клинички податоци за поддршка на таквата промена, која во спротивно ќе се смета за неовластена употреба надвор од упатствата“, додаваат од ЕМА.

Таквата употреба подразбира и помала одговорност на производителите на вакцини, заклучува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината