Утрински Весник
Свет

ЕУ одобри една милијарда евра помош за Украина

Советот на ЕУ денеска одобри исплата на една милијарда евра нова макрофинансиска помош за Украина во форма на заеми за владата во Киев, која треба да ги покрие итните потреби на оваа земја разурната од војната.

dobivaj vesti na viber

„Овие милијарди евра ќе ја зајакнат државата во клучна фаза“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен.

Во Брисел наведуваат дека денешниот предлог е дополнување на поддршката што ЕУ веќе ѝ ја даде на Украина во првата половина од годината, а во која е вклучен итен заем од 1,2 милијарда евра и посочуваат дека вкупната досегашна помош доделена на Украина изнесува 2,2 милијарди евра, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“