Утрински Весник
Свет

ЕУ договори ублажување на рестрикциите за патувањата

ЕУ договори ублажување на рестрикциите за патувањата
Img 5587

Земјите-членки на ЕУ се согласија да ги ублажат ограничувањата за патувања во текот на летото, а целосно вакцинираните туристи од ЕУ ќе бидат ослободени од карантин, додека списокот на европски региони од кои е безбедно да се патува ќе биде проширен, велат дипломатите.

Амбасадорите од 27. земји-членки на ЕУ го одобрија модифицираниот предлог на Европската комисија луѓето кои ја примиле последната доза на вакцина пред 14 дена или повеќе, да немаат ограничувања за патување во друга европска земја, изјавија тројца европски дипломати.

Ss1

Ограничувањата за другите патници треба да се засноваат на епидемиолошката состојба во земјата од која патуваат.

Ревидираните упатства беа усвоени во време кога ЕУ воведува сертификати со кои се потврдува дали патникот е вакциниран или има стекнато имунитет по болест од Ковид, или тест негативен за коронавирус.

Системот треба да биде подготвен за имплементација на 1 јули, иако некои земји, вклучително и Хрватска, воведоа сертификати порано.

Европскиот блок ќе ги олабави ограничувањата на зоните обележани со различни бои.

„Зелените“ региони сега треба да имаат помалку од 25 случаи на 100.000 жители за 14 дена, а учеството на позитивните тестови е под 4 проценти.

Земјите-членки на ЕУ исто така ќе можат да ја повлечат „сопирачката за итни случаи“ и да забранат влез на сите патници од регион каде што има зголемување на заразната варијанта на болеста.

Ss1

Можете да прочитате

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател