Утрински Весник
Свет

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за шест месеци

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за шест месеци

Лидерите на ЕУ 27 на самитот во Брисел се согласија да ги продолжат економските санкции воведени на Русија за уште шест месеци, поради интервенцијата на Москва во Украина, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, на „Твитер“ потврди дека земјите членки на ЕУ се согласиле да ги продолжат санкциите за Русија, откако блокот претходно ја осуди Москва за неисполнување на условите од мировниот договор во Минск.

Санкциите на ЕУ се однесуваат на рускиот енергетски, финансиски и вооружен сектор и досега беа продолжувани неколку пати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста