Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер со победа над Партизан во првиот меч од СЕХА лигата

Еурофарм Пелистер со победа над Партизан во првиот меч од СЕХА лигата

Еурофарм Пелистер стигна до 25:23 (13:10) победа над повратникот во СЕХА лигата, Партизан од Белград, расипувајќи им го камбекот на српскиот тим во регионалното натпреварување.

Битолскиот клуб беше подобар во првото полувреме одвојувајќи се за 6:11 водство по 23 минути игра, пред српскиот клуб да намали на -3 на полувреме (13:10). Во второто полувреме, Партизан направи камбек и успеа да израмни на 20:20, пред Елмир Граѓан со два гола да ја врати предноста на македонскиот клуб, која ја заддржаа до крајот.

Матео Мараш со 7 гола беше најефикасен кај Пелистер, Граѓан додаде пет, додека кај Партизан, Никола Зечевиќ и Алекса Максиќ имаа по пет постигнати гола.

Фото: СЕХА лига

> Еурофарм Пелистер со победа над Партизан во првиот меч од СЕХА лигата <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења