Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Вуцас: Силна поддршка од Австрија за европерспективите на нашата држава

Ковачевски – Вуцас: Силна поддршка од Австрија за европерспективите на нашата држава

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава.

На состанокот е изразена силна поддршка од Република Австрија за европерспективите на Република Северна Македонија.

Воедно, поздравена е новата динамика во преговорите помеѓу Македонија и Бугарија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за пријателската и принципиелна поддршка што ѝ ја дава Австрија на Северна Македонија во сите области.

„ Република Австрија е стратешки економски партнер на нашата држава и голем пријател и поддржувач на демократските и интеграциските процеси на нашата држава. Продолжуваме да ги унапредуваме билатералните односи помеѓу двете држави. А на планот на евроинтеграциите посветени сме на изнаоѓање решенија во духот на европските вредности“, рече премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Трет голем пожар избувна во Штип, евакуирани работници од „Албатрос“

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило