Утрински Весник
Македонија

„Еуроактив“: Бугарија ја менува тактиката кон Северна Македонија

Бугарија: Договорот за добрососедство со Северна Македонија е еден од најважните настани во регионот

Бриселски „Еуроактив“, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дел од содржината на планот за спроведување на Договорот за добрососедство, кој го подготвила бугарската страна.

Според „Еуроактив“, Софија поднела предлози поврзани со железницата, патиштата и инвестициите на бугарски компании во Северна Македонија. Опфатено е и отворање на кампуси на бугарските универзитети во Северна Македонија, а има и дел којшто се однесува на учебниците по историја, пренесе „Дојче Веле“.

„Еуроктив“ наведува дека со поднесувањето на својот акциски план Бугарија се обидува да ја промени својата тактика кон Македонија и на некој начин да ја ублажи напнатоста меѓу двете земји.

„Предложениот акциски план е првиот конструктивен чин на властите во Софија откако вицепремиерот Красимир Каракачанов во септември објави дека ќе биде блокирана европската перспектива на Северна Македонија“, пишува „Еуроактив“.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски

Алиша со предизвик до градоначалниците: Возете се со затворени очи за да видите како „преживуваат“ слепите