Утрински Весник
Свет

Естонија ќе го забрани влезот на Русите со туристички визи

300x250 (7)

Естонија планира да им забрани на руските државјани кои поседуваат шенген визи издадени од балтичката држава да влезат во земјата поради руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Естонскиот министер за надворешни работи, Урмас Реинсалу, по состанокот на владата на 11 август изјави дека иако визите издадени од неговата земја ќе останат валидни, тие нема да бидат прифатени за влез во Естонија.

Ss1

Естонија престана да издава нови туристички визи за Русите веднаш по инвазијата на Украина во февруари, освен во случајот со семејствата на естонските граѓани.

Реинсалу нагласи дека одлуката влијае само на проценетите 50.000 визи издадени од Естонија, додавајќи дека владата планира во наредните денови да разговара за начините за забрана на влез на сите руски граѓани во Естонија.

Министерот исто така рече дека имателите на визи издадени од Естонија ќе можат да влезат во други земји од Шенген.

Овој потег не ги засега дипломатите и членовите на нивните семејства, поединците вклучени во меѓународниот транспорт, лицата кои треба да ја посетат Естонија од хуманитарни причини или блиските роднини на естонските граѓани и постојаните жители.

Дополнително, во Естонија ќе можат да влезат и луѓето кои имаат право на слободно движење низ Европската унија според правото на ЕУ.

Естонија и Финска ги повикаа другите земји од ЕУ да ги забранат туристичките визи за сите руски граѓани поради актуелната агресија на Русија против Украина. Ова ќе се дискутира на ниво на ЕУ бидејќи сегашното законодавство на ЕУ не дозволува таков потег.

На 11 август, портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Иван Нечаев, ги осуди повиците за забрана на визниот режим како „отворени манифестации на шовинизам и непромислен обид да се откаже се што е руско, што е невозможно“.

Во меѓувреме, германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е против забраната за туристички визи за руските граѓани.

„Ова е војна на Путин (рускиот претседател Владимир), па тешко ми е да ја прифатам оваа идеја“, изјави Шолц за новинарите во Берлин.

Шолц рече дека е убеден дека западните санкции наметнати на Русија поради војната во Украина ќе станат помалку ефективни доколку се насочени кон „сите, вклучително и невините луѓе“.

На 24 февруари Русија започна инвазија на Украина. Оттогаш, неколку милиони Украинци ја напуштија земјата, илјадници цивили беа убиени, а градовите беа уништени. САД, ЕУ и други земји воведоа серија санкции кон Москва поради војната во Украина, пренесе Н1.бих.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56