Утрински Весник
Економија

ЕСМ ги раздвои елементите во логото за подигање на јавната свест за социјална дистанца

ЕСМ ги раздвои елементите во логото за подигање на јавната свест за социјална дистанца

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) симболично ги раздвои елементите во своето корпоративно лого во насока на подигање на јавната свест за потребата од социјална дистанца во услови на пандемија.

Пораката на логото, како што соопштија од ЕСМ, е „Да се држиме заедно, но да одржувамe дистанца“.

– АД ЕСМ секојдневно ги охрабрува своите вработени да ги почитуваат сите препораки на надлежните органи, со цел што побрзо да ја надминеме кризата и предизвикот со кој сме соочени, се вели во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Левица: Наместо да се купат вакцини се чека донација која не се знае дали и кога ќе пристигне

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување