Утрински Весник
Свет

Ердоган очекува разговори со Путин и Зеленски

Ердоган очекува разговори со Путин и Зеленски

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу во вторникот изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган очекува телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски.

– Одржав телефонски разговори со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, а планирам да разговарам и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Нашиот претседател неколку пати разговараше со Путин и Зеленски и има намера повторно да има телефонски разговори со нив – рече Чавушоглу за време на говорот во градот Ушак.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација