Утрински Весник
Свет

Ердоган: НАТО да ги почитува безбедносните грижи на Анкара

Турција ги повикува сојузниците во НАТО да ги почитуваат и поддржат грижите на Анкара за нејзината безбедност, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган.

– Ако сме сојузници, тогаш мора да ја почитуваме и поддржиме грижата на Анкара за нејзината безбедност, за нејзините граници. Гледаме дека нема таков однос кон нас – изјави турскиот лидер на состанокот на владејачката партија, пренесува РИА Новости.

Како што рече Ердоган, „Турција секогаш го поддржува сојузот, сојузничкиот дух, но не може да се согласи на секој предлог и не може да се согласи на сојуз со оние земји кои ги поддржуваат терористите кои ја загрозуваат безбедноста на Турција“.

Според него, посетата на делегациите на Финска и Шведска на Турција, која е закажана за в понеделник на која ќе се разговара за членството на двете земји во НАТО, нема смисла и нема потреба од тоа.

– Веќе реков дека не треба да се заморуваат. Нема потреба за ова. Нема да ја правиме истата грешка двапати – нагласи турскиот лидер.

Тој додаде дека Шведска не може да очекува Турција да го одобри нејзиното членство во НАТО додека не ги врати „терористите“, објави „Ројтерс“.

Можете да прочитате

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти