Утрински Весник
Свет

Ердоган: Европа е во паника поради конфликтот во Украина

Турскиот претседател денеска изјави дека Европа е во паника поради конфликтот во Украина.

„Во време кога нашата земја веќе 11 години успешно се справува со илегалната миграција од Сирија, сведоци сме на паника во Европа поради руско-украинската криза. Се молиме за брз излез од овој критичен период“, рече Ердоган, пренесува ТАСС.

Турскиот претседател оцени дека „системот што Западот го изгради за да ја зачува својата безбедност и напредок е во колапс“.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад