Утрински Весник
Свет

Ердоган: Грчките безбедносни сили малтретираат, дури и убиваат бегалци

Земјите како Турција го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не развиените општества, кои само го креваат својот глас, рече турскиот претседател, пишуваат медиумите во регионот.

Според написите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци.

Ердоган се обратил со видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграција.

Тој во пораката укажал на драмата со која се соочуваат бегалците денес.

„Речиси секој ден сме сведоци на драмата на бегалците, кои се прогонувани, ограбувани, тепани, па дури и убивани од грчките безбедносни сили“, рекол Ердоган, цитиран од „Анадолија“.

„Земјите како нас, кои се соседи на кризните подрачја, го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не развиените општества, кои само го креваат својот глас“, изјавил тој.

Можете да прочитате

Отпорноста на лекови би можела да убие 39 милиони луѓе во следните 25 години, предупредува СЗО

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

Гугл откри хакерски напад извршен од вештачка интелигенција без човечка помош