Русија може да биде домаќин на Европското првенство в година наместо првенството да се одржува во повеќе земји, тврди францускиот весник „Ле Паризиен“.
Евро 2020 беше одложено 12 месеци поради пандемијата на Ковид-19, и според францускиот весник, УЕФА смета дека е неизводлив планот да се игра во 12 европски нации поради здравствената криза и поради тоа Русија е најдобар избор.
Русија во првите месеци од пандемијата немаше преголем број заразени, со 29.000 починати од 1,6 милион случаи во првите девет месеци, а покрај тоа веќе ја има потребната инфраструктура од Светското првенство во 2018 и нема да бидат потребни дополнителни инвестиции.
Засега УЕФА и претседателот Александер Чеферин, официјално, велат дека нема промени на планот и дека нема да се избрзува со одлуките, особено бидејќи до летото има доволно време да се сменат плановите.
> ЕП в година само во Русија? <